Coffee to go - Ќоше

Vote 5.0 (promedio de 69 opiniones)

Coffee To Go - Ќоше создава култура на радост и возбуда, ги цени почитта, чесноста и довербата!




Од идеја до реализација има многу за работа. Но кога една Струмичанка ќе реши да го разубави животот на Струмичани и да им го олесни секојдневието, тоа и го прави!
Сосема професионално пристапивме кон идејата и направивме истражување за потребата од кафето. Замислете- Струмичани пијат кафе најмалку 3 пати во денот! Позади секој успешен Струмичанец, е доволна количина на кафе!
Се повеќе ние Струмичани сме мобилни и зафатени. Брзо шетајќи низ градот сакаме да грабнеме едно кафенце кое ќе биде со врвен квалитет, а сепак пристапна цена. Така согледувајќи ги Вашите потреби креиравме Ќоше во кое ќе биде собрано сиот Струмички дух, ведрина, љубов. Ќошето ќе биде во служба на дневните рутини, брзање и трка со времето.
Како посетителите немаат време за долги разговори и средби, кај нив расте желбата за уникатно направен пијалок или оброк кој ќе биде хит на Инстаграм и другите социјални медиуми, а истовремено ќе ги задоволи нивните апетити на пат кон работа, училиште и состанок. Така Ќошето ќе нуди егзотичен мирис на нотите на кафето, чај, свежи печива, смути, а сето тоа како симбиоза со пријатната насмевка и љубезност на дечкото/девојката од Ќошето и пријатната музика. Љубезноста е како кафе. Го буди Вашиот дух и Ви го подобрува денот! Исполнете го Вашиот филџан со двете!
Струмичаните имаат можност за избор на Ќоше производите по свој личен вкус. Ќоше не нуди нешто што веќе постои во Струмица. Ќоше нуди нов мирис и убавина на Вашето утро и попладне.
Ако глобализацијата го донесе брзиот живот и дневната рутина на пиадесталот на живеењето на целиот свет па и на Струмичани, тогаш несомнено Ќоше нуди краток момент на мир и релаксација. Ние Струмичани сакаме кафе, сакаме чај кој ќе не врати во мирисот на секој наш драг животен момент. Остроумните кафе зависници знаат што е одлично подготвено кафе.
Ќоше е решено да стане место кое Струмичани никако нема да го одминат без да дегустираат барем еден од неговите производи. Тоа е создадено за локалните зависници од кафе, кои наместо да сонуваат пријатно ќоше во секое годишно време каде ќе го пијат своето кафе или омилен колач, тие ќе го имаат токму тука, блиску до сите, на Ќоше.
Топлиот и уникатен амбиент со кој располага нашето Ќоше ќе биде врежан во секојдневнието на Струмичани. Тоа е идниот ваш омилен дел од градот, а ќе го поседува вашиот омилен пијалок и храна. Убавите денови започнуваат со добро кафе и музика, зарем не?
П.С. Дек ќош? – У Ќоше ќе оом.
П.П.С. Немате ли Ќоше Ву - deja vu? (Чувството дека сте го пиеле кафето претходно)

    Coffee Shop

    Desayuno, Café, Bebidas

   070666449

      Facebook

      Ул. Херој Карпош бр. 2/А Струмица- Кај старата полиција, Strumica, Macedonia

   
Lunes
08:00-00:30
Martes
08:00-00:30
Miércoles
08:00-00:30
Jueves
08:00-00:30
Viernes
08:00-00:30
Sabado
10:00-00:30
Domingo
12:00-00:30


Deje su comentario


Otro en el área



"Tus lugares favoritos en un clic"