Café Paolino

Café Paolino


Паолино доо е основанa во 2007 година и е наследник на технолошкиот процес на Капол доо која беше прва приватна компанија во Република Македонија која отпочна да работи со еспресо кафе и останати сродни производи од италијански асортиман уште во далечната 1991 година. Капол доо се занимаваше со увоз од Италија и продажба на еспресо кафе, производи од кафе и опрема за угостителство. Поради зголемената побарувачка на пазарот, во 1997 година отпочна со сопствено производство на еспресо кафе со обука и под контрола од страна на врвни италијански експерти вклучени во процесот на преработка на кафе, до готов производ. Во 2007 година Капол доо се ребрендира во кафе Паолино и додаде во својот асортиман нови мешавини на еспресо кафе со екстра квалитет Паолино-Ројал. Производите многу брзо го најдоа своето место на домашниот пазар и наидоа на добар прием кај потрошувачите. Производите на Паолино доо се погодни за угостителите кои сакаат да им понудат на своите гости врвно уживање, префинет вкус овозможен од квалитетот и пакувањето кое ја задржува конзистентноста на производот, како и изборот на квалитетни сорти на зрна. Паолино доо и понатаму опстојува на определбата да создава кафе со врвен квалитет наменето за вкусот и на најпребирливите уживатели.

    Coffee Shop

   38947286226

      S. Kukurecani, Bitola, Macedonia

   
Monday
08:00-16:00
Tuesday
08:00-16:00
Wednesday
08:00-16:00
Thursday
08:00-16:00
Friday
08:00-16:00
Saturday
08:00-16:00
Sunday
Closed


Leave a comment


Other in the area



"Your favorite venues in one click"